Босански репрезентативец потпишува за Милан

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Раде Круниќ се наоѓа пред трансфер во редовите на италијанскиот гигант Милан. Круниќ веќе некое време настапува во Италија и тоа во дреост на Емполи.

„Росонерите“ за Босанецот ќе платат осум милиони евра, плис два милиони ако се исполнат одредени бонуси. Тој утре ќе ги помине лекарските прегледи, по што ќе биде официјално презентиран во Миланело. Круниќ на „Сан сиро“ ќе заработува 1.2 милиони евра годишно. Играчот од средниот ред минатата сезона одигра 33 натпревари во дреост на Емполи на кој постигна пет голови, а запиша и шест асистенции.