„Босанецот Пјаниќ не е достоен да го носи дресот со број осум на Барселона!“

Очајната игра на Барселона и тешката елиминација на третолигашот Корнелја во Купот на Кралот дури по продолженија (2-0), предизвика огромен број ужасни коментари на сметка на Каталонците, а меѓу најгласните што критикуваа беше поранешната легенда на овој клуб, Христо Стоичков.

Бугаринот беше гневен на играта на босанскиот интернационалец Миралем Пјаниќ, кој на грбот ја носи осумката, број кој во минатото го носеше токму Стоичков, а подоцна и Андрес Иниеста.

„Бројот осум во Барселона не е за секого, бидејќи многу тежи, а Пјаниќ не е на тоа ниво. Тажен сум и засрамен од тоа што го видов. Вината не е кај тренерот Куман кога двајца фудбалери не можат да дадат гол од пенал. Треба многу работа, со овие играчи тешко ќе биде“, анализираше Стоичков.

Пеналите за Барса ги промашија Пјаниќ и Дембеле.