Борусија Дортмунд го смени тренерот Марко Розе

Борусија Дортмунд бара нов кормилар откако денеска го избрка досегашниот тренер Марко Розе, после серија на консултации на најтесното раководство на клубот.

„Милионерите“ објавија дека Розе повеќе не е тренер откако таков заклучок донеле Ханс-Јоаким Вацке, претседателот на клубот, Михаел Цорк (спортскиот директор), Себастијан Кел (првиот човек на фудбалскиот сектор) и советникот Матијас Замер.

„Тежок е овој ден за сите нас, но оваа сезона беше незадоволителна од многу причини, најмногу зашто целите и шансите не ги искористивме во многу сектори. Без оглед на тешката сезона, решивме да се разделиме, а после серијата консултации и разговори, не бев убеден дека сите сто отсто ја преземаат одговорноста, затоа најдобро беше да се разделиме“, рече Розе.

Покрај тренерот од клубот си заминуваат и помошникот Александер Циклер и Рене Мариќ, како и кондицискиот тренер Патрик Ајбенбергер.