Борусија Д. му верува на тренерот: Фавр ја продолжи соработката

Лусиен Фавр го продолжи договорот со Борусија Дортмунд на уште една година, па неговиот сегашен договор истекува во јуни 2021 година. 

Изминатава сезона беше прва за Швајцарецот на кормилотот на „милионерите“, а раководството на клубот е задоволно од неговата работа. Борусија играше офанзивен и атрактивен фудбал и до самиот крај на сезоната беше конкурент за титулата во Бундеслигата. 

Во најголем дел од сезоната Борусија беше пред Баерн Минхен, но на крајот ја загуби титулата за само два бода.

„Лусиен создаде вистински концепт и ги разви нашите фудбалери. Ги исполни нашите очекувања 100 отсто. Логично е што ја гледаме иднината заедно“, изјави Ханс-Јоаким Вацке, директорот на клубот.