Борини и Сусо му обезбедија триумф на Милан против Џенова (ВИДЕО)

Милан успеа да ја совлада Џенова на гостувањето со 2-0 и така се искачи на четвртата позиција во италијанската Серија А.

Џенова доминираше во првото полувреме против „росонерите“, но не успеаа да го совладаат противничкиот голман, па во вторите 45 минути Милан ги казни нивните грешки.

Фабио Борини стрелаше за водство од 1-0 во 72. минута од мечот, а 11 минути подоцна Сусо ги постави конечните 2-0 за Милан.

„Росонерите“ во моментов се наоѓаат на четвртата позиција во италијанскиот шампионат со 34 освоени бодови, односно еден повеќе од петтопласираната Рома.