Бомба во најава: Барселона сака да ја купи гол-машината на Баерн Минхен!
Тој, според реномираниот англиски медиум, е поставен како приоритет во плановите за летниот преоден рок. Каталонците планираат да го донесат 31-годишниот напаѓач од Баерн Минхен веќе следното лето – една година пред истекот на неговиот договор со германскиот шампион. Според истите извори, откупната клаузула на Кејн изнесува 65 милиони евра, сума што Барселона е подготвена целосно да ја покрие со цел да реализира трансфер кој би одекнал низ Европа.
Англичанецот откако пристигна во Баерн во 2023 година одигра 113 натпревари, постигна 108 голови и запиша 29 асистенции – бројки што го сместуваат меѓу најпродуктивните фудбалери во светот во последните две сезони. Тој сè уште не започнал преговори со Баерн за продолжување на договорот, што дополнително ги засилува шпекулациите за негов можен трансфер. Доколку Барселона испрати официјална понуда, не се исклучува можноста Кејн да побара заминување и нов предизвик во кариерата.
Доаѓањето на Кејн совршено се вклопува во стратегијата на Барселона за модернизација на тимот и градење долгорочна офанзивна линија. Во овој момент, клубот нема реални алтернативи – Ерлинг Халанд и Хулијан Алварез се финансиски недостижни, па Кејн се издвојува како идеална комбинација на искуство, голгетерски инстинкт и професионализам што се бара на „Ноу Камп“.