„Бомба“ во Манчестер: Солшер сака еден од најдобрите светски напаѓачи

Оле Гунар Солшер одлично го предводи Манчестер јунајтед и го врати во борбата за топ 4 во Премиерлигата, а Норвежанецот се очекува наскоро да потпише договор и на лето да тргне по засилувања за тимот.

Солшер е разочаран од настапите на Ромелу Лукаку и сака да се ослободи од него, а потоа ќе се обиде да го ангажира фантастичниот Хари Кејн од Тотнем.

„Црвените ѓаволи“ ќе мора да потрошат вистинско богатство за да го ангажираат Кејн, а се споменува сума од неверојатни 200 милиони фунти.

Кејн, наводно, ќе побара да замине од лондонскиот гигант доколку Тотнем не освои ниту еден трофеј сезонава.