„Бомба“ во Италија: Уште една ѕвезда на Реал ќе се сели во Јувентус!?

Реал Мадрид летово остана без Кристијано Роналдо, кој реши да се пресели во Јувентус за 110 милиони евра, а очигледно по неговите стапки би можел да тргне уште еден негов поранешен соиграч.

Играчот на Реал Мадрид, Марсело, наводно го известил раководството на тимот дека во јануари сака да се пресели во Јувентус.

„Тутоспорт“ пишува дека Марсело сакал да го напушти Мадрид уште летоска и да се пресели во Торино, но тогаш трансферот не се реализираше.

Сепак, сега ситуацијата е посериозна, а главната личност задолжена да го убеди Бразилецот да се пресели во „Старата дама“ е токму неговиот поранешен соиграч Роналдо.

Јувентус направи и план, според кој ќе бидат обезбедени пари за ангажирање на Марсело и трансферот најверојатно ќе изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.