„Бомба“ од Шпанија: Реал Мадрид му нуди мега-трампа на Јувентус!?

Шпанските медиуми пишуваат дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез има генијален план и сака да му предложи мега-трампа на Јувентус.

Иско не е омилен кај тренерот Сантијаго Солари, па веќе некое време го поврзуваат со трансфер во некој европски гигант, како што беа Челси и Манчестер сити, но во конкуренција се приклучи сега и Јувентус.

„Кралевите“ сакаат да им го понудат Иско на Италијанците, а за возврат планираат да го добијат Пауло Дибала, кој нема поважна улога во тимот, откако пристигна Кристијано Роналдо.

„Старата дама“ не сака да го продава Дибала и ќе се обиде да го задржи, но дефинитивно му одговара интересот од Реал, па би можел да се реши на таков потег и да се пресели во Мадрид.