Бомба од Париз: Галтие добива напаѓач од „Олд Трафорд“

Францускиот шампион ПСЖ се откажа од аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, па тренерот Кристоф Галтие кажа дека клубот бара нов фудбалер за нападот.

„Л’Екип“ објави дека францускиот првак почнал преговори со Манчестер јунајтед за трансфер на Маркус Рашфорд и тоа треба да биде бомба за крај на преодниот рок.

Рашфорд се врати на теренот по незгодна повреда поради која мораше да пропушти дел од минатата сезона, а во Париз се подготвени да му дадат шанса да игра на врвно ниво.

Англискиот фудбалер е заинтересиран за преселба, па ПСЖ би можел да биде негов следен чекор во кариерата бидејќи со Јунајтед има договор до следното лето.