„Бомба“ од Италија: Алегри се враќа на кормилото на Милан!?

Извршниот директор на Милан, Иван Газидис контактирал со Максимилијано Алегри и се обидел да го врати на тренерската позиција на „Сан Сиро“.

„Тутомеркато“ пишува дека Газидис во претходните неколку дена зборувал со Алегри, кој во минатото го тренираше Милан и им го донесе последното Скудето, па навивачите сигурно не би имале ништо против искусниот стратег да се врати на кормилото.

Освен тоа, Алегри се поврзува со Баерн Минхен и Тотнем, но тие екипи се решени во намерата да ги задржат своите тренери, па во моментов можеби најреална опција е враќање во Милано.

Медиумите пишуваат дека Џенаро Гатузо ќе добие отказ дури и ако обезбеди место во Лигата на шампиони, а најверојатно и директорите Леонардо и Паоло Малдини ќе го напуштат „Сан Сиро“.