Болт не се шегува - неделава ќе стане првотимец на Дортмунд! (ВИДЕО)

Јусеин Болт најверојатна двонеделната репрезентативна пауза ќе ја искористи за престој во тренинг кампот на дортмундска Борусија. Информацијата ја носи локален германски медиум, наведувајќи дека моментно се водат разговори околу тоа дали и кога најбрзиот човек на светот да се приклучи на тренинзите.

Неодамна ваквата соработка ја најави и Болт, истакнувајќи дека желба му е да оди на проба во Борусија. А, се чини дека и комплетниот „дил“ е при крај, па и напаѓачот Марко Ројс го ретвитна видеото на Болт во кое тој вели:

„Здраво, дечки. Мислевте дека се шегував? Подгответе се!“.

Целокупните преговори ги оелснува фактот дека и на Болт и на Борусија, заеднички спонзор им е Пума. Што се однесува до раководството на Бундеслигата, тие немаат ништо против бидејќи ова ќе им донесе позитивен маркетинг, но најбрзиот човек на светот максимално сериозно ја сфаќа оваа проба. Во јануари изјави за Експрес:

„Ќе ја поминам оваа проба во Дортмундска Борусија и потоа ќе одлучам што со мојата кариера. Доколку кажат дека сум добар и дека ми треба само малку тренинг, ќе останам овде“, изјави Болт.

Сега, познато е дека Болт е голем фан на Манчестер јунајтед и дека тој сонува еден ден да истрча на „Олд Трафорд“.