Болт имал непријатно изненадување по првите голови за Централ Коуст!

Легендарниот спринтер и најдобар на сите времиња Болт, по завршување на кариерата, реши да му се посвети на фудбалот.

Долго време се шпекулираше каде ќе заигра Болт, а неговиот избор на крајот беше Централ Коуст Маринерс.

Тој пред неколку дена настапи во еден пријателски натпревар и постигна два гола, а тоа привлече големо внимание ширум светот.

Но, по дуелот го чекало непријатно изненадување, односно допинг контрола.

„Зошто да одам јас на допинг контрола? Не сум ниту професионален фудалер. Затоа ја прашав дамата, а таа ми кажа дека сум врвен спортист и поради тоа морам да бидам тестиран“, кажа Болт.