Меси за еден час ќе заработи исто колку и просечен Македонец за - една година (ФОТО)

Аргентинецот Лео Меси минатиот месец потпиша нов договор со Барселона, а деновиве на виделина излегоа детали околу парите кои тој ќе ги заработува, а кои се – боли глава.

Оддолжувањето на продолжувањето на соработката се должи на политичката криза во Шпанија односно Каталонија, а не од финансиски причини. Поради тоа, Меси е награден со фантастичен бонус од сто милиони како компензација за сите проблеми.

 

 

Неговата годишна плата ќе изнесува 70 милиони евра што е еднакво на 1,35 милиони евра неделно, а покрај тоа фудбалерот ги добил и ексклузивните права на сопствениот имиџ. Аргентинецот за само еден час ќе инкасира за наши услови фантастични 3,995 евра сума за која еден просечен Македонец треба да работи дури 12 месеци.

Должината на новиот договор е до 2021 година со можност за продолжување од една сезона, а е за 70-отсто побогат од тој на Кристијано Роналдо, а за само четири милиони евра помал од рекордниот на Нејмар во ПСЖ.