Бобан Николов дојде во Лече, па ја упати и првата порака кон навивачите (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов дојде во Лече I ги направи лекарските прегледи, па сега останува промоцијата за нов член на италијанскиот второлигаш, па му се придружува на бившиот свој репрезентативен колега Леонард Жута во тимот од Јужна Италија.

Николов во Лече доаѓа од унгарски МОЛ Фехевар, каде замина после настапот со Вардар во групите во Лига Европа пред три ипол години, а на тифозите на својот клуб им упати кратка порака:

„Напред Лече“, извика Николов со шалот на својот нов клуб.

Македонскиот репрезентативец, познат по беспоштедноста за секој сантиметар на теренот ќе биде петтиот македонски интернационалец на Чизмата, зашто во елитата има тројца Горан Пандев (Џенова), Елиф Елмас (Наполи) и Илија Несторовски (Удинезе), а Жута ќе му биде соиграч.

Дебито за новиот клуб најверојатно ќе му биде во недела во пресметката со Емполи, а новиот клуб на македонскиот репрезентативец има сериозна амбиција во идната сезона повторно да биде дел од калчолигашката елита.

Видеото од доаѓањето на Николов за лекарските прегледи и неговото обраќање може да го погледнете ТУКА.