Боатенг го напушта Баерн Минхен

Германскиот репрезентативец Џером Боатенг по се излгеда заврши со Баерн Минхен. Минхенскиот гигант на крајот од сезоната го напуштаат двајцата најдобри фудбалери Арјен Робен и Франк Рибери, но тоа е само почетокот.

Од Баерн си заминува и ветеранот Рафиња, позајмениот Хамес Родригез, Ренато Санчез, но и Џером Боатенг. Герамнскиот дефанзивец го изгуби првотимскиот статус и ќе биде продаден летово, на една година до истекот на договорот.

Хумелс и Зуле имаат предност во одбраната, а Баварците веќе ги договорија и Ернандез од Атлетико Мадрид и Павар од Штутгарт. Најзаинтересирани клубови за Боатенг во моментов се италијанските ривали Јувентус и Интер.