Блеска за Холандија на ЕУРО 2020, па веднаш прави трансфер во Баерн Минхен

Дензел Дамфрис одигра два фантастични натпревари за Холандија на Европското првенство и постигна по еден гол против Украина и Австрија иако игра како десен бек. 

Фудбалерот на ПСВ Ајндховен веднаш го привлече вниманието на европските гиганти, а меѓу оние најзаинтересираните е Баерн Минхен. Германскиот гигант иако на оваа позиција го има Бенжамин Павар, сака да ја зголеми конкуренцијата и да ја искористи шансата да го доведе Холанѓанецот за багателна сума.

Неговата цена на трансфер-пазарот изнесува 15 милиони евра, а Баерн е подготвен да плати 20 милиони евра за 25-годишниот фудбалер. Тој има уште две години од договорот со ПСВ, но има џентлменски договор со клубот доколку некој ја плати неговата актуелна пазарна цена ќе биде слободен да си замине.