Бламажа на Монако на „Луј Втори“, минимална минутажа за Стојановски во поразот на Ним! (ВИДЕО)

Екипата на Монако и трет меч во низа не успеа за запише победа во Лига1, откако на свој терен загуби од Старзбур со убедливи 1-3, во рамки на 21. коло.

Гостите го најавија походот кон трите бода во 40 минута со голот на Ажорк, додека во второто полувреме погодија Томасон и Стефан Митровиќ за сигурна победа. Монако успеа во 86 минута само да го ублажи поразот на 1-3 со голот на Јоветиќ.




Нов пораз забележа и екипата на Ним, за која настапува македонскиот репрезентативец Влатко Стојановски, откако загуби на гостински терен од Сент Етиен со 2-1.

На преостанатите мечеви кои стартуваа во 20 часот, Монпелје славеше на домашен терен против Дижон со 2-1, Брест беше подобар од Амиен исто така со 2-1, додека Мец славеше на гости кај Ремс со 0-1.