Бизарно: Судијата го повредил Ерлинг Халанд!

Во можеби најважниот натпревар во сезоната екипата на Борусија Дортмунд вчера загуби од Баерн со минимални 0-1 и така веројатно се прости од трката за шампионската титула во Бундеслигата.

Но, Дортмунд има својна загуба од овој меч. Покрај поразот, кој го заслужи на зелениот терен, остана и без еден од најдобрите, отако се повреди норвешкото чудо од дете, Ерлинг Халанд. Талентираниот Норвежанец беше заменет во 72. минута, а неговата повреда дојде на навистина бизарен начин. Имено, Халанд претходно се судрил со судијата Тобијас Стилер, а во таа прилика добил незгоден удар во коленото и почуствувал болка, поради која го напушти теренот.

Наскоро се очекува дасе види колку е сериозна повредата на Халанд.