Биелса сака ново засилување: Алиоски добива соиграч од Реал Мадрид!?

Лидс сезонава игра фантастично под водство на тренерот Марсело Биелса, па тие по многу години конечно се сериозен кандидат за промоција во Премиерлигата.

Екипата на македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски сака да се засили за продолжение на сезоната, а како приоритет е поставено барањето на нов голман, кој би можел да пристигне од Реал Мадрид.

Биелса го сака Кико Касилја, кој не добива шанса во „кралскиот клуб“, а исто така покажа желба дека сака да си замине, па ова би била одлична шанса за него.

Англиските медиуми пишуваат дека Лидс се договорил со Касилја, па остануваат уште преговорите со Реал и потоа треба да се финишира договорот.

Инаку, Касилја има настапувано уште за Еспањол, Кадиз и Картагена.