Биелса го сака Горан Пандев како зимско засилување на Лидс!
Пандев веќе три години е дел од Џенова и неколкупати низ интервјуа посочи дека сака да ја заврши кариерата во овој италијански калчолигаш, па речиси невозможно делува желбата на Биелса конечно да му биде тренер на Пандев. Аргентинецот имал еден неуспешен обид да го донесе струмичанецот во Олимпик Марсеј пред четири години.
Како што објавуваат англиските медиуми, Биелса во Пандев гледа идеално решение како засилување во нападот, затоа што големото искуство и победничкиот менталитет и тоа како би ги зголемил шансите на лидс во трката да се обезбеди враќање во Премиерлигата.
Пандев има 35 години, повеќе од деценија ипол игра во италијанското Калчо почнувајќи од Анкона, па преку Лацио, Интер и Наполи, а сега во Џенова. Пандев пред осум години ја имаше најсјајната година кога со Интер освои буквално сè – скудето, Куп на Италија, Лига на шампиони, светска титула...
Лидс по осум кола е во врвот на Чемпионшип и еден од главните фаворити за враќање во Премиерлигата по стартот на сезоната, а Алиоски со два гола и две асистенции е еден од најдобрите фудбалери на овој англиски клуб во моментов.