Без голови на „Сан Мамеш“: Атлетик и Барселона само по бод (ВИДЕО)

Барселона одигра 0-0 на гостувањето кај Атлетик Билбао во рамки на 23.коло во Ла Лига.

На „Сан Мамеш“ имаше многу шанси, но слабата реализација и пред се добрата претстава на Марк-Андре Тер-Штеген натпреварот заврши без голови. Голманот на Барселона бранеше фантастично и со неколку бравурозни одбрани го спаси својот тим.

На овој резултат, највеќе се радува Реал Мадрид, кој сега има само шест бодови негатива. Барселона е лидер со 51 бод, „кралевите“ имаат 45. Атлетик е 13-ти со 27 бодови.