Бетис ја искористи шансата: ПСЖ останува без талентиран фудбалер?!

Аргентинскиот репрезентативец Џовани Ло Целсо игра како препороден во Бетис, каде што е на позајмица од ПСЖ.

Претседателот на шпанскиот клуб, Мигуел Лопез Каталан денеска порача дека клубот од Севилја ќе го откупи неговиот договор.

Ло Целсо за Бетис одигра 13 натпревари и постигна четири гола и две асистенции, но неговата важност за екипата е огромна.

Аргентинецот пред Бетис беше на една позајмица во својата татковина, од која ПСЖ го донесе пред две ипол години.