Берлускони го провоцира Милан: Монца може да ве победи и тоа со 3-0!

Поранешниот сопственик на Милан, а сега на Монца, Силвио Берлускон кажа дека фудбалерите на неговиот клуб може да ги победат избраниците на Марко Џанпаоло, иако тимот се натпреварува неколку класи под „росонерите“.

Монца во моментов е во италијанската Серија Ц, а Берлускони го предводи тимот заедно со Адриано Галијани.

„Доколку утре победиме, тоа ќе биде првпат во историјата тимот да ја почне сезоната со пет победи по ред. Зборував со претседателот на Милан и му предложив пријателски меч. Ние ќе ги пбедиме со 3-0“, кажа Берлускони.