Бензема нема да го продолжи договорот со Реал - се враќа во „старото јато“

Карим Бензема има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2022 година, а шпанските медиуми велат дека дефинитивно нема да го продолжи.

„АС“ објавува дека желбата на Французинот е во летото 2022 година да се врати во својот матичен клуб Лион од каде дојде во Мадрид во 2009 година. Бензема стана вистинска клупска легенда на „кралевите“, бидејќи одигра 501 натпревари и има постигнато 241 гол.

Напаѓачот кој сега има 32 години, сака да одигра барем уште една сезона во дресот на Лион пред да се пензионира. Во академијата на овој клуб се запиша на 10-годишна возраст, а за првиот тим одигра вкупно пет сезони, односно запиша 148 натпревари и 66 голови.