Бенфика: Ако некој го сака Жоао Феликс - цената е 120 милиони евра!

Жоао Феликс експлодираше на европската фудбалска сцена со фантастичните игри сезонава за Бенфика. 

Постигна вкупно 19 голови за тимот во сите натпреварувања и подели осум асистенции. Има само 19 години, а огромен број на клубови се заинтересирани за неговите услуги.

Од Манчестер сити, до ПСЖ и Јувентус, веќе пројавија интерес за Португалецот. Тој во својот договор со Бенфика има откупна клаузула од 120 милиони евра.

„Или ќе платат 120 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула или Феликс ќе остане во клубот и следната сезона“, изјави Домингош Соареш, претседателот на Бенфика.