Белерин по шест месеци во Барса оди во – Спортинг Лисабон

Ектор Белерин, десниот бек на шпанска Барселона после само една полусезона го напушта „Камп Ноу“ и денеска ќе го официјализира трансферот во португалски Спортинг Лисабон.

Според информациите веќе сѐ е договорено и Барса ќе добие отштета за шпанскиот десен бек кој во Спортинг доаѓа како замена за Педро Поро, кој заминува во англиски Тотнем за 45 милиони евра.

Белерин секако беше еден од фудбалерите кои најдоцна до лето треба да си одат од Барселона, која патем има проблем за идната сезона со барањето од Ла Лига да го скрати буџетот поради финансиската криза за дополнителни 200 милиони евра.