Бејл за Реал Мадрид е повреден, за Велс е подготвен

Герет Бејл нема одиграно натпревар за Реал Мадрид речиси еден месец поради повреда, ниту пак тренира со екипата. Сепак, вечерва без проблем тренираше со велшката репрезентација во пресрет на последните натпревари од евроквалификациите. 

Последниот натпревар Бејл за Реал Мадрид го одигра на 5.октомври, а повреда заработи играјќи за Велс против Хрватска во евроквалификациите. Тој се нема појавено на тренинзите на „кралевите“, но откако доби повик од репрезентацијата, веднаш се појави на тренинг и го одработи без никакви проблеми.

Ваквото однесување сигурно нема да ги направи челниците на Реал Мадрид среќни, а Бејл можеби и веќе си го потпиша трансферот.