„Бејл не сака трансфер во Премиерлигата, среќен е во Мадрид“

Дали Герет Бејл ќе си замине од Реал Мадрид или ќе остане очигледно е сага еднаква на онаа дали Нејмар ќе се врати во ПСЖ.

Постојано се појавуваат нови информации околу иднината на Велшанецот, кој се чини еден период беше многу близу до заминување од клубот. Сега неговиот агент исклучува трансфер назад во Премиерлигата и вели дека Бејл е среќен во Мадрид.

„Немам идеја колкава е неговата вредност. Неговата плата е висока и местото каде што сака да оди е многу важно во неговиот живот. На тоа не можам да ставам цена“, вели Џонатан Барнет. „Клубовите треба да одлучат колку сакаат да платат за него. Како што велам постојано, тој е среќен во Мадрид. Има одличен живот и не гладам причина зошто не би ја завршил кариерата во Мадрид. Финансиски тој ќе сака да се обезбеди до крајот на својот живот, како и неговите деца и внуци. Тука освои буквално сè освен Светското првенство. Да се врати во Премиерлигата сигурно би било големо нешто, но мислам дека во моментов тој не е заинтересиран за такво нешто, бидејќи е среќен во Реал Мадрид“, вели агентот на Велшанецот.

Бејл има договор со Реал Мадрид од јуни 2022 година.