Бејл: Не ги разбирам навивачите на Реал, тие го прават спротивното

Една од најпромашените инвестиции на Реал Мадрид е играчот од средниот ред - Герет Бејл.

Контроверзниот фудбалер, кој неодамна изјави дека пред „кралскиот клуб“ ја става својата репрезенатвија Велс и голфот, изрази зачуденост од критиките на навивачите на Реал Мадрид.

На секој натпревар сме под огромен притисок. Ако играте лошо, вие сте во центарот на вниманието. Кога играв лошо, целиот стадион, 80.000 ме исвирка. Непријатно е. Наидов на ова неколку пати. Кога се случи ова за прв пат, помислив: „Што се случува?! Тоа ја уништува вашата доверба. Не разбирам. Затоа што ако не успеете на теренот, навивачите треба да ве поддржат за да се издигнете и да им дадете радост. Тие го прават спротивното. Почнуваат да свиркаат, се чувствувате уште полошо и ја губите довербата. Почнувате да играте уште полошо и ова ги вознемирува уште повеќе, истакна Бејл, па додаде.

Ова е одлика на Реал Мадрид и во другите клубови се случува истото, но Реал е најпознат по ваквите нешта. Се случува да не реализирам добра шанса. Тие почнуваат да свиркаат, а вие си мислите: Довербата опадна по нереализираната шанса и сега ќе падне уште пониско. И во следниот момент, противничкиот гол ви изгледа минијатурен, како да е дупка во голфот, рече велшкиот репрезентативец.