Бејл блесна како во најдобрите денови: Тотнем го здроби Барнли (ВИДЕО)

Тотнем им се врати на победите во Премиерлигата по двата врзани порази откако денеска го убедливи 4-0 го совлада Барнли во рамки на 26.коло. Играч на натпреварот беше Герет Бејл. 

Велшанецот постигна два гола и имаше една асистенција со што покажа дека и натаму има квалитет да игра на највисоко ниво. Тој го отвори резултатот по само 75 секунди игра на натпреварот, а во 15-тата минута му асистираше на Хери Кејн за 2-0. Лукас зголеми на 3-0 по половина час игра, а Бејл ја запечати победата во 55-тата минута од натпреварот со својот втор гол.