Баварците знае каков ѕвер имаат: Баерн урнебесно му го смени презимето на Левандовски (ФОТО)

Послката машина за голови Роберт Левандовски денеска даде два од петте гола за Баерн Минхен во триумфот против Фортуна Диселдорф со 5-0, по што Баварците направија нов исчекор кон титулата, а Полјакот се запиша во историјата.

Левандовски стигна во една сезона да им даде гол на сите ривали во Бундеслигата, ама и да дојде до неверојатен ефект, 29 гола во 29 меча во најсилната германска лига. Не е ни чудо што од Баерн порачуваат „никој не е сигурен од него“.

Најинтересно е што Баерн дури и му го смени презимето во – Леванголски!

No team is safe from this man! ?

Posted by FC Bayern München on Saturday, May 30, 2020