Бартомеу откри какви му се плановите со Нејмар

Нејмар минатата година се пресели во ПСЖ од Барселона за рекордни 222 милиони евра и стана најскап играч во историјата на фудбалот, но сега шпанските медиуми шпекулираат дека може да се врати во Каталонија.

Иако Бразилецот ги демантираше тие шпекулации, сепак денеска во јавност се појави и претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, кој кажа дека не планираат да го вратат Нејмар.

„Нејмар замина и нема да се враќа. Ве молам да престанете со шпекулациите“, кажа Бартомеу.

Бартомеу зборуваше и за повредата на нивниот најдобар играч Лионел Меси, кој заработи скршеница на раката во дуелот против Севилја и ќе мора да паузира три недели.

„Загрижени сме поради повредата на Меси, зашто ќе пропушти важни натпревари против Реал и Интер. Сепак, тоа не е првпат да се случува, а досега успеавме да се извлечеме од тешки ситуации. Мотивирани сме и јас разговарав со Аргентинецот“, кажа претседателот на клубот.