Барселона замената за Меси ќе ја бара кај Сити!?

Лионел Меси иако има 31 година, сепак сè уште покажува дека поседува доволно магија со која ги магепсува противничките фудбалери, но сепак Каталонците се спремаат за живот и по ерата на Аргентинецот, а во таа нова ера, Барса сака да го има Лирои Сане.

Германецот го „размонтираше“ својот поранешен клуб Шалке и докажа дека е спремен за големи натпревари. Според пишувањето на шпанскиот „Дон Балон“, Барса веќе подолго време го следи Сане кој блеска под водство на Пеп Гвардиола.

Сане во актуелната сезона на 37 натпревари има постигнато 14 голови и забележано 17 асистенции. Сепак, цифрата која Барса ќе треба да ја искешира за овој фудбалер е секако од трицифрен карактер, такашто трансферот е далеку од реализација.