Барселона во голем стил, со петарда го освои Кралскиот куп (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона се закитија со првиот трофеј во оваа сезона, откако вечерва го освоија шпанскиот Куп совладувајќи ја Севиља со 5-0.

Ова беше јубилеен 30-ти трофеј во најбројното шпанско натпреварување, што е рекорд на Пиринејскиот полуостров, а теренот на Атлетико Мадрид беше сведок на една од најдобрите партии сезонава на Каталонците.

Чистата победа на Каталонците ја најави Суарез во 14-та минута, кој до крајот на првиот дел постигна уште еден гол, а и Меси стрелаше за 3-0. Во вториот дел, Иниеста и Кутињо од пенал реализираа за вкупни 5-0.

Севиља не беше до толку во подредена ситуација колку што кажува резултатот, но не успеаја да постигнат ниту почесен гол избраниците на Виченцо Монтела.