Барселона упорна: Челси ја одбил понудата за Вилијан, таа ја накачила!

Барселона планира да ги зголеми своите напаѓачки опции, затоа упорно се обидува да го донесе Бразилецот Вилијан, од Челси.

Британските медиуми пишуваат дека Барселона испратила веќе две понуди на адресата на лондонските сини. Откако Челси ја одбил првата, која „тежела“ 50 милиони евра, сега ја накачиле на 60 милиони. Попрецизно, 55 милиони би платиле веднаш, а останатите пет милиони Челси би ги добил како бонуси.

Се чека одговор од Лондон, но тешко дека екипата ќе продава или купува некого додека не го официјализира ангажманот на новиот менаџер, маурисио Сари.

Тоа може само да му ја зголеми цената на Вилијан, бидејќи Барселона била силно загреана да го засили својот напад. Вилијан е офанзивен играч за врска, но раководството на Барса сметало дека им треба токму „длабочина во нападот и течност во акциите“.

Вилијан немаше константен статус на првотимец за Челси, но и покрај тоа имаше солидна сезона, со 13 гола и 12 асистенции во сите натпреварувања.