Барселона слави: „Кралот“ падна во Каталонија (ВИДЕО)

„Кралот“ првпат допатува во сепаратистичкиот регион Каталонија прогласи независност која Мадрид не ја признава, но и Каталонците не го признаваат „кралот“, па денеска најмалиот клуб од оваа шпанска провинција Џирона му го зема скалпот (2-1) на најдобриот клуб во Шпанија предводен од неодамна крунисаниот најдобар светски фудбалер Кристијано Роналдо.

 

Барселона слави, Каталонија се радува затоа што симболот на Шпанија падна на колена. За пет минути, Џирона успеа да направи епски пресврт преку Кристијан Стуани и Кристијан Пуругес за да поведе со 2-1 во периодот од 53 до 58 минута, откако мадриѓаните уште од 12-та водеа со голот на Исто. На триумфот на Џирона најмногу се радува каталонската гордост Барселона, која сега има осум бодови предност на табелата во Ла Лига.

Шпанија и Каталонија имаат затегнати односи од референдумот за независонот, а во изминативе два дена кулминира таа тензија откако регионот прогласи независност, а Мадрид им ја укина автономијата.