Барселона почна со отказите, двајца фудбалери си ги спакувале куферите!

Барселона ја заврши катастрофалната сезона со тежок пораз од Баерн Минхен во четвртфиналето на Лигата на шампиони (2-8), а тоа предизвика хаос во каталонскиот гигант, кој мора да прави големи промени.

Шпански „АС“ објави дека двајца фудбалери веќе си ги спакувале куферите и нив најверојатно нема повеќе да ги гледаме во дресот на Барселона, а тоа се Иван Ракитиќ и Мартин Брајтвајт.

Ракитиќ мина шест сезони во Барселона, а притоа одигра 310 натпревари и ги освои сите можни трофеи, додека од друга страна Брајтвајт дојде минатата сезона и не се прослави.