Барселона од трансферот на Нејмар заработила едвај – 17 милиони евра!?

Дека трансферот на Нејмар од Сантош во Барселона предизвика многу контроверзи и финансиски истраги беше јасно од самиот старт, ама дека Барселона од продажбата на бразилската суперѕвезда во Пари Сен Жермен за 222 милиони евра на крај едвај заработила 17 милиони евра е јасен доказ дека во фудбалот цвета – криминал.

Сите помислија дека на Каталонците им падна секира во мед откако го продадоа Нејмар за 222 милиони евра, само што проблем е фактот дека доаѓањето на Бразилецот во Каталонија не чинел така евтино, како што беше прикажано. Впрочем, тоа што сите мислеа дека со парите Барселона лесно ќе си пазари, очигледно се излажаа, оти Барселона сега со ангажманот на Осман Дембеле и Фелипе Кутињо се задолжија преку 250 милиони евра.

„Ел Мундо“ откри врз база на документите што таткото на Нејмер ги приложил на увит за време на судењето во Бразил околу затајувањето на данок, дека Нејмер од Барселона бил преплатен за неговото доаѓање. Официјално било посочено дека трансферот чинел 57 милиони евра, подоцна Барселона признала дека всушност трансферот чинел 86 милиони евра, но ни таа сума не била вистинита.

Според документите, кои ја откриваат целата вистина, Сантош за Нејмар добил 134 милиони евра, но сето тоа е заташкано за агенцијата ДИС, која имала 40 отсто од сопственоста врз фудбалерот да добие помала провизија. ДИС започнале постапка против Нејмар, Барса и Сантош за измама, со цел да им платат помалку, а документите кои истекоа покажуваат сосема спротивни суми од официјалните.

И ако сега се пресмета колку Нејмар бил платен, плус годишната плата за четирите години минати во Барселона, вкупно Бразилецот ги чинел Каталонците – 205 милиони евра. Продаден е на ПСЖ за 222 милиони евра. Просто математички, Барселона од него едвај е во ќар од – 17 милиони евра.

За таква ѕвезда, очигледно Барса ништо не заработила.