Барселона може да слави: Вилјареал му ја урна и најмалата надеж за титула на Атлетико (ВИДЕО)

Иако шансите за шампионска титула беа премали по поразот во дербито за круната со Барселона, Атлетико Мадрид се надеваше на сензација до крајот, но Вилјареал вечерва им ги урна и најмалите надежи со победата со 2-1 вечерва во судиското надополнување, по што мадридските црвено-бели сега имаат недостижна двоцифрена негатива во однос на Каталонците.

Третиот пораз сезонава за Атлетико практично им го урна последните шанси откако на осум минути пред крајот примија гол за да не победат, а во втората минута од судиското надополнување и да загубат. Унал во 82-та минута ја погоди мрежата на мадриѓаните за да ја врати „жолтата подморница“ во мечот по голот на Ентоан Гризман, кој од пенал во 20-та погоди за водство, а Унал потоа даде уште еден гол за големо славје.

По ова реми, на девет кола до крајот Барселона има 11 бодови предност (75 наспроти 64-те на „јорганџиите“, што значи дека за титула на Каталонците сега им требаат 16 бода до крајот или – пет победи и реми. Во случај Атлетико до крај да не направи ниту еден кикс.

Селта и Малага во вториот меч во овој термин одиграа реми без голови