Барселона ја закажа презентацијата на Гризман на „Камп Ноу“

Антоан Гризман денеска официјално ја заврши соработката со Атлетико Мадрид и стана нов член на Барселона, откако Каталонците ја активираа откупната клаузула и ги платија 120 милиони евра за трансфер.

Шпанскиот првак предмалку ги заврши правните формалности и со тоа го доби екстра засилувањето за новата сезона, па сега останува само да се извршат лекарските прегледи и Французинот да биде промовиран.

Барселона ја закажала презентацијата на Гризман за 14 јули во 18 часот, а токму тој ден ќе почнат подготовките на Каталонците. Презентацијата ќе пред празен стадион, како што вчера беше објавено поради безбедносни причини.