Барселона ја доби војната со Баерн и купи талентиран дефанзивец од Ајакс

Каталонскиот гигант Барселона го потврди трансферот на 19-годишниот десен бек од Ајакс, Сержињо Дест, кој денеска беше претставен на „Камп Ноу“.

Дест е талентиран фудбалер за чиј потпис се бореше и Баерн Минхен, но Барселона успеа да го убеди и за неговите услуги ќе мора да исплати 21 милион евра.