Барселона испратила понуда од 100 милиони евра за ѕвезда на Евертон

Барселона бара напаѓач кој ќе биде замена за Луис Суарез, кој ќе мора да паузира до крајот на сезоната поради повреда, па според „Скај Спортс“ Каталонците испратиле понуда до Евертон од 100 милиони евра, но нивниот предлог бил одбиен.

Каталонците се надевале дека можат да го купат Ришарлисон од Евертон, кој игра одлично во редовите на „карамелите“, но Карло Анчелоти порачал до управата дека сака да го задржи Бразилецот, а тие ја исполниле неговата желба.

Евертон веднаш им одговорил на Каталонците дека Ришарлисон во моментов едноставно не е на продажба.