Барселона испрати официјална понуда за купување на Левандовски!

Деновите на Роберт Левандовски како фудбалер на Баерн Минхен се изброени, откако по неговото јавно изразување желба да си замине од Германија на адреса на баварскиот гигант пристигна и официјална понуда за негов трансфер и тоа од Барселона.

Неофицијално, Полјакот веќе има начелен договор со Каталонците, кои сега треба да ги договорат условите со составот од Минхен, со оглед што фудбалерот има уште една година за одработување на договорот со овој тим.

Челниците на Барселона испратиле понуда за отштета во висина од 32 милиони евра, што е блиску до сумата што Баерн ја бара, а која изнесува 35 милиони евра. Останува да се види дали двата клуба брзо ќе најдат заеднички јазик или германскиот шампион ќе инсистира да ги добие сите пари кои ги замислил за слободата на Левандовски.