Барселона има „план Б“ ако не успее да го договори Лаутаро

Екипата на Барселона со сите сили во текот на летниот трансфер рок ќе се обиде да го донесе во своите редови Лаутаро Мартинез од Интер, но за сега тешко им одат преговорите.

Сепак, „Дејли мејл“ информира дека „каталонците“ имаат и „план Б“. Имено, како што пренесуваат повеќето британски медиуми, претставници од Барселона веќе контактирале со своите колеги од Лондон, како и со претставник на репрезентативецот на Габон.

Обамајанг има предлог за нов договор од Арсенал, но играчот во оваа фаза не сака да го прифати.

Оваа сезона, 22-годишниот Мартинез има забележано 31 натпревар за Интер, постигна 16 гола и даде четири асистенции, додека триесетгодишниот Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревари.