Барселона го елиминираше Леванте, но може да биде исфрлена од Купот

Барселона без проблеми го совлада Леванте со 3-0 во реванш осминафиналниот натпревар во шпанскиот Куп и го надомести поразот од 2-1 од првиот натпревар во Валенсија. 

Усман Дембеле со два гола во првото полувреме ја најави победата на „каталонците“, а работата во вториот дел ја заврши Лионел Меси за конечни 3-0. Македонскиот репрезентативец Енис Барди го одигра целиот натпревар за гостите.

Сепак, Барселона можеби нема да има шанса да игра во четвртфиналето на Купот, бидејќи Леванте најави жалба. На првиот натпревар во Валенсија за Барселона настапи Хуан Бандариз од Барселона Б, но тој не смеел да игра поради суспензија. Младиот фудбалер бил суспендиран поради жолти картони во Третата лига, а од Барселона не знаеле дека картоните важат и во шпанскиот Куп.

Леванте има правна основа да побара елиминација на Барселона од Купот. Пред неколку сезони истото му се случи и на Реал Мадрид поради Денис Черишев. 

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Реал Сосиедад - Бетис 2-2
Еслањол - Вилјареал 3-1

*Болдираните тимови одат во четвртфинале