Барселона донесе одлука за иднината на Валверде

Барселона уште еднаш ги разочара навивачите, откако во финалето на шпанскиот Куп загубија со 1-2 од Валенсија, па останаа без можноста да стигна до двојната круна сезонава, откако претходно го освоија домашното првенство.

Навивачите сметаат дека еден трофеј сезонава е малку за Барселона, па многумина мислат дека е време тренерот Ернесто Валверде да замине, но претседателот на Кталонците, Жозе Марија Бартомеу го повтори тоа што го кажа и пред дуелот со Валенсија.

„Валверде има договор и затоа ќе остане и идната сезона. Не мислам дека тој е виновен за поразот од Валенсија, па поради тоа нема да го напушти кормилото на клубот“, кажа Бартомеу.