Барса не се посрамоти како Реал и Атлетико во Купот – ја мина Корнелија со многу мака!

Шпанска Барселона не дозволи да се посрамоти во Кралскиот куп како нејзините два големи ривали од Мадрид, Атлетико и Реал, иако со многу мака и дури по половина час дополнителен фудбал преку продолженијата успеа да се најде во осминафиналето после победата со 2-0 против нисколигашот Корнелија.

Тимот кој го елиминира Атлетико во претходната рунда, добро ја намачи Барса, која се избламира во регуларниот дел, кога Миралем Пјаниќ и Осман Дембеле промашија пенали, па мечот мораше да се доигрува низ дополнителни 30 минути во кои решавачки беше Педри со две асистенции за два гола, еден на Дембеле, а вториот на Брајтвајт.

Дембеле се извади за промашувањето на пеналот, со гол во 92-та минута на асистенција на Педри, а во завршницата и последната минута од судиското надополнување после 120 минути игра, Брајтвајт ја запечати победата одново на асистенција на големиот каталонски талент од средниот ред.

Вчера Реал Мадрид се посрамоти со елиминација од Купот откако загуби од нисколигашот Алјокано со поразот по продолженија со 1-2.