Барса може да остане без Де Лихт, зашто на Каталонците не им се даваат многу пари

Капитенот на Ајакс, Матијас де Лихт ќе биде еден од фудбалерите, на кои им се предвидува голема кариера. Стоперот го покажа својот квалитет во настапите за клубот од Амстердам.

Де Лихт се прости од Амстердам со двојна круна, а можеше да игра и финале во Лигата на шампиони, доколку не постигнеше Лукас Мура гол во последни секунди за Тотнем во полуфиналето.

Досега фаворит за неговиот потпис беше Барселона, но богатите премиерлигаши планираат да им го расипат планот на Каталонците.

Премиерлигашите се вратија во игра за потписот на Де Лихт, а ситуацијата будно ја следи и Јувентус, кој ќе прави ремонт на лето.

„Мундо Депортиво“ пишува дека управата на шпанскиот тим ќе апелира Холанѓанецот да ги намали своите барања за да го ангажираат, а таквиот потег на Каталонците ќе се обидат да го искористат премиерлигашите, кои ќе му понудат многу подобри услови на 19-годишниот Де Лихт.