Барса го прегази Атлетик Билбао за да го освои Кралскиот куп на Шпанија! (ВИДЕО)

Барселона по 31 пат го освои Кралскиот куп на Шпанија откако каталонската гордост со два гола на Лионел Меси го размонтира Атлетик Билбао со 4-0 во денешното финале, кое великанот го реши буквално за 12 минути во средина на второто полувреме.

За Барселона ова е петти трофеј во последниве седум сезони, а шпанскиот репрезентативен голман Унај Симон на голот на Атлетик не можеше да ја сопре машинеријата од Каталонија во второто полувреме, ако беше херој во првиот дел, па прво Ентоан Гризман ги отвори Баскијците во 60-та, па Френки де Јонг ја дуплираше предноста во 62-та, за Меси со два гола во 68-та и 72-та да ги дотолчи и да однесе еден трофеј од оваа сезона во витрините на „Камп Ноу“.

Ова беше своевиден реванш на Барса за поразот во Суперкупот во јануари годинава после продолженијата, но Атлетик Билбао во две недели го загуби и второто финале, откако прво со 0-1 беше поразен од регионалниот голем баскиски ривал Реал Сосиедад, а сега Барселона ги декласира.

Баскиската гордост останува втор најтрофеен клуб во Купот, но годинава нема по добро да ја паметат со овие два порази во само две недели.